Средба на министерот за правда Кренар Лога со евроамбасадорот Дејвид Гир

 Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на која стана збор за планираните реформи во судството, заштита на човековите права, скринингот, евроинтеграциските процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, изборната реформа, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, борбата против криминалот и корупцијата.   

– Министерот Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот на Советот на Европа за спречување тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување, соопшти Министерството за правда.    

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Гир, се наведува во соопштението, посочи дека се потребни  натамошни напори за отстранување на политичките влијанија врз судството.

– Изразена е надеж за натамошна успешна реализација на  реформите  давајќи максимална поддршка за евроинтеграцискиот процес, информира Министерството за правда. 

Треба да знаете
Последни објави