Обдукцијата на телата на ликвидираното тричленото семјство Ѓокиќ, од Алексинац, е завршена и резултатите покажуваат дека тие биле убиени со огнено оружје, пренесува Телеграф.рс. Според првите неофицијални информации, постои сомневање дека тричленото семејство Ѓокиќ, Горан (57) неговата сорпуга Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25), било убиено во автомобилот, а не е исклучена можноста оружјето да имало придушувач, бидејќи нема докази дека се слушнале истрели. Полицијата пронајде чаура од куршум во близина на автомобилот со кој се превезле тројцата членови на семејството на местото каде биле ликвидирани. Неколку потенцијални осомничени лица за убиството на семејството Ѓокиќ, се уапсени, но според првичните информации тие поминале на полиграф, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата активно е вклучена во расветлување на убиството, и се очекува убијците наскоро да бидат откриени и уапсени. Вчера, мртвите тела на тричленото семејство Ѓокиќ, беа пронајдени на непристапен терен во атарот на селото Моравац, на околу 12 километри од местото каде што беше пронајден нивниот запален автомобил. Последен пат безбедносните камери го снимиле автомобилот на семејството во 00.10 часот на патот помеѓу Моравац до Алексинац, дистанца долга три километри. Оттогаш им се загуби трагата се до пронаоѓањето на нивните безживотни тела.