5 причини зошто е добро да имате куче за домашно милениче

Денес е Светски ден на животните, а Simple ве повикува да бидете хумани и да се грижите за нив. Да се има куче е одлично од 100 причини, а овој пат се наведени пет од нив.

Не е кажано без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Кучињата се наши животни придружници и најверни пријатели, ни даваат голема радост и безусловна љубов. Постојат многу причини зошто е одлично да сe има куче како домашно милениче, што сите сопственици на кучиња многу добро ги знаат, а на Светскиот ден на животните, експертите се надеваат дека многу луѓе ќе се охрабрат да станат сопственик на еден крзнен пријател.

Да се има куче е голема, но и прекрасна обврска. Без разлика дали сакате да купите чистокрвно куче со педигре или да посвоите куче на кое му треба дом, експертите тврдат дека тоа ќе биде една од најдобрите одлуки. А еве и зошто:

– Никој не ви се радува како вашето куче. Да се има свое семејство е прекрасно, но сите сопственици на кучиња ќе ви кажат дека никој од членовите на нивното семејство не ги очекува со таква радост повеќе од нивното куче. Кучињата даваат безусловна, несебична љубов, а за возврат не бараат ништо друго освен можеби малку храна и повремено тапкање по главата. Тоа количество на среќа што го покажува кучето кога ја отклучувате вратата и влегувате дома, што веднаш го подобрува расположението , не може да се измери со добар шопинг, вкусна торта или добра песна. Нивната среќа е толку заразна што веднаш ќе се чувствувате подобро после напорниот работен ден.

– Без разлика дали сте интроверт или екстроверт, откако ќе добиете куче, најмногу ќе уживате во неговото друштво. Сигурно знаете барем едно лице кое во минатото било строго против чување куче дома, а потоа кога пристигнало кучето, му ја дало својата фотелја, спијат заедно во кревет и тајно разговораат. Ова е затоа што кучињата обезбедуваат најдобра удобност, слушаат внимателно без осуда и секогаш се тука за вас кога сте лошо расположени или тажни. Јапонска студија од 2009 година покажа дека само гледањето во очите на вашето куче го зголемува нивото на окситоцин, попознат како хормон на љубовта. Некои студии покажаа дека поседувањето куче може да ја ублажи депресијата, особено кај постарите лица.

-Кучето ќе ве поттикне да се движите повеќе Дури и кога сте толку уморни наутро што едвај ги отворате очите или едвај чекате да се вратите од работа и да легнете во кревет, треба да го направите следново- земете го крзнениот миленик на прошетка. Кучето треба да се носи на прошетка најмалку двапати дневно. На некои кучиња им требаат 15-20 минути пешачење, на некои им требаат минимум 40 минути, додека на некои им треба добро трчање за да се ослободат од вишокот енергија. Следствено, и вие ќе бидете принудени да се движите секојдневно, што може да биде само плус за вашето здравје.

-Кучињата го ублажуваат стресот Не само што го подигнуваат расположението, туку тие се и еден вид антистресна терапија. Според студија спроведена пред повеќе од 30 години од Арон Качер од Универзитетот во Пенсилванија и Алан Бек од Универзитетот Пердју во Индијана, играњето со куче или дури само галење куче што го знаеме го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го забавува дишењето и речиси веднаш ја релаксира напнатоста. Оваа студија е потврдена со неодамнешните кои покажуваат намалено ниво на хормони на стрес, дури и кај луѓе кои земаат лекови за намалување на крвниот притисок.

-Сопствениците на кучиња дејствуваат привлечно Покрај тоа што ја зголемуваме социјалната интеракција со другите луѓе (секогаш ќе застанете а поразговарате со соседите, другите сопственици на кучиња или оние кои едноставно сакаат да го галат вашето куче и да го дознаат неговото име), кучињата ги прават своите сопственици попривлечни во другите очите на луѓето. Студија спроведена во Обединетото Кралство на примерок од 700 луѓе го покажа следново: 60% од испитаниците веруваат дека кучето ве прави попривлечни, а 85% од нив мислат дека луѓето се попристапни кога се во друштво на куче.

Треба да знаете
Последни објави