Таа е единствената жена која сите мажи ја слушаат, еве кој се крие зад гласот на навигациите

За себе на шега вели дека е можеби единствената жена која сите мажи ја слушаат. Но, навистина е така.

Карен Џејкобсен е името на жената која го позајмува гласот на речиси сите системи и програми за навигација.

По потекло е од Австралија, а во САД се преселила во потрага по пејачка кариера. Животниот пат ја одвел сепак во друга насока. Се пријавила на оглас каде меѓу другото се барала жена со потекло од Австралија. Објаснува дека австралискиот акцент на англискиот јазик е еден од најпријатните за слушање и затоа тоа било еден од условите.

Откако била избрана за работата, и дале скриипта со сите можни опции и насоки кои се слушаат на навигациите за да ги прочита.

За најинтересната,  „recalculating“ вели дека ја кажала околу 168 пати додека да се избере конечната верзија.

Треба да знаете
Последни објави