Нови 185 случаи на Ковид-19, починаа 12 пациенти

Нови 185 случаи на КОВИД-19 од 1876 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 523 пациенти, починати се 12 во изминатото деноноќие и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021.

Од новодијагностицираните позитивни на коронавирус, 99 се од Скопје,  Велес и Кочани имаат по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – осум, Куманово – шест нови случаи, Охрид – пет, Струмица – четири, Прилеп, Виница и Пробиштип имаат по два нови, а Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци по еден нов случај.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: пет се од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп  (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г)  и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 29 септември до 3 октомври 2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е  починат во болнички услови а две лица починале во домашни услови.

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти – од: Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – седум, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка имаат по пет оздравени, Пробиштип, Берово и Валандово по четири, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово по тројца оздравени и Неготино, Ресен, Дебар и Делчево по еден.

Епидемиолошки анализи  на вкупно заболени и активни случаи по градови:

Скопје 83 902, Активни 5496
Куманово 11 506, Активни 995
Тетово 10 828, Активни 892
Прилеп 9085, Активни 309
Гостивар 7959, Активни 450
Битола 7113, Активни 254
Велес 6280, Активни 347
Охрид 5983, Активни 486
Кавадарци 5960, Активни 230
Штип 5764, Активни 225
Струмица 5749, Активни 267
Кичево 3984, Активни 395
Струга 3795, Активни 312
Кочани 3292, Активни 159
Гевгелија 2423, Активни 86
Неготино 2319, Активни 36
Свети Николе 1911, Активни 111
Ресен 1537, Активни 80
Радовиш 1526, Активни 87
Дебар 1449, Активни 106
Крива Паланка 1441, Активни 89
Берово 1209, Активни 17
Делчево 1124, Активни 68
Виница 1037, Активни 50
Пробиштип 918, Активни 32
Валандово 819, Активни 20
Кратово 578, Активни 59
Богданци 552, Активни 18
Крушево 529, Активни 22
Македонски Брод 472, Активни 29
Демир Хисар 445, Активни 30
Демир Капија 411, Активни 5
Пехчево 313, Активни 3
Македонска Каменица 301, Активни 21
Дојран 140, Активни 1
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна  192 654 од направени 1 301 702 тестирања. Оздравени се 174 148, починати се 6719, а активни случаи има 11 787.
Треба да знаете
Последни објави