Д-р Петличковски: Идеално е да се тестираат сите ученици

Со скринингот во училиштата ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи и реална слика за ширењето на вирусот, вели директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, идеално е да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто.

-Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8000 од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе видиме некаков увид и основа, , вели Петличковски.

Според него мешањето на вакцините е безбедно за граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави