Уапсен македонски државјанин во Виена, се обидел да ја убие својата мајка

Македонец е осомничен дека се обидел да ја убие својата мајка со неколку истрели од огнено оружје во 2017 година, по што побегнал во Виена. Австриската служба за криминалистичка истрага (БКА) успеала да го пронајде 24-годишното момче, јавуваат српските медиуми.

Тој прво се криел во Виена со години, од каде што се преселил во Велс, каде што создал сосема нов живот за себе.

Специјална единица на австриската полиција Кобра го уапсила Македонецот додека го управувал својот автомобил, во кој била пронајдена дрога.

Треба да знаете
Последни објави