Словенија: Ограничено движење во пресрет на Самитот поради можно нарушување на редот и мирот

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што започнува вечерва во Брдо кај Крањ, словенечката Влада одлучи да го ограничи или забрани движењето денеска и утре во области или јавни места во Љубљана, Блед и Брдо кај Крањ, поради што е наведено, можно сериозно нарушување на редот и мирот.

Од утрово веќе се поставени заштитни огради во центарот на Љубљана, а припадници на полицијата се на терен.

Словенија е домаќин на Самитот како земја претседавач со Европската унија, а денеска се очекува доаѓање на претставници на ЕУ и земјите од Западен Балкан, бидејќи за вечерва е планирана неформална вечера.

Одлуката на Владата за ограничено движење во одредени области и овозможува на полицијата да преземе акција против групи што ќе се соберат во областите опфатени со забраната.

Треба да знаете
Последни објави