Американските сенатори со писмо го повикаа претседателот Џо Бајден да протера 300 руски дипломати од САД, доколку Москва не издаде повеќе визи за американските дипломати во Русија.
Предлогот на лидерите на Комисијата за надворешни работи и разузнавање на Сенатот, демократите Боб Менендез и Марк Ворнер и републиканците Џим Риш и Марк Руби, може да биде вовед за поостра ескалација на актуелниот спор меѓу персоналот на амбасадите, во време на тензии меѓу Вашингтон и Москва.
Русија во август и забрани на американската амбасада во Москва да задржува, вработува персонал од трета земја, освен чувари, принудувајќи ја мисијата да отпушти 182 вработени и десетици соработници, соопшти Стејт департментот.
Тоа практично значи дека во Русија сега има околу 100 американски дипломатски претставници, наспроти околу 400 руски дипломати кои се распоредени низ САД, посочија сенаторите.
„Оваа диспропорција во дипломатското претставување е неприфатлива”, напишаа сенаторите во писмото до претседателот Бајден.