Во Ниже Поле во зима ќе се скија и кога нема снег, рече вечерва кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, на дебата на МТВ, образложувајќи го проектот за модернизација на Скијачкиот центар Ниже Поле.
„Јас деновиве го промовирав проектот за Ниже Поле што ќе значи дека во зима ќе се скија и кога нема снег. Проектот наиде на одличен одзив кај битолчани, кај скијачите. Предвидено е да се набави опрема со средства на Општината во соработка со ЈП Стрежево, опрема за заснежување и вештачки снег, како и да се обноват трите ски лифтови со нови, се со цел битолчани да можат полесно да уживаат во тој дел, односно буквално како што кажав ќе се скија и кога нема снег.“-рече Кондовски, додавајќи дека со тоа ќе се прошири скијачката сезона во потпелистерието.
Кондовски рече дека ќе се заложи за обнова на планинарскиот дом Копанки. „Што се однесува до Копанки тој случај е во судски лавиринт и тоа како ќе се заложам да направам медијација таа судска разрешница да заврши со спогодба и повторно да го обновиме Копанки.„-рече тој.