Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата заедно со Фатмир Бетиќи, вицепремиерот за економски прашања најавија субвенционирање на кровови и лифтови во станбените објекти кај плоштадот „Плетенка“, близу улица „Македонија“. На вечерашната средба со граѓаните Герасимовски потсети дека во изминатиот период субвенционирани биле 54 објекти и дека овие инвестиции продолжуваат.
„ Покрај субвенциите за станбените објекти овде планираме и реконструкција на плочникот, зеленилото и детското игралиште. Да потсетам дека ОУ „Димитар Миладинов“ доби нова фасада и ќе добие реконструираме и училниците“, рече Герасимовски пред граѓаните.
Тој рече дека општината не отстапува од правната битка со „Никофон“ која ја водат заедно со ПОЦ за враќање на земјиштето каде се планира изградба на паркинг.
Општината во изминатиот период добива многу поплаки од гласната музика на ресторанот „Рагуза“ при што најави зачестени контроли за конечно решавање на проблемот.