Холандски суд го отфрли барањето за укинување на ковид-пропусниците

Холандски суд денеска го отфрли повикот за укинување на „ковид-пропусниците”, потребни за влез во ресторани, барови, музеи, театри и други јавни места во Холандија.

Суд во Хаг наведе дека Владата била во право кога побарала да се достават докази за вакцинација против Ковид-19 или негативен тест за коронавирус за да се ограничи ширењето на коронавирусот, откако повеќето други мерки беа укинати минатиот месец.

Според Судот, владата убедливо ставила до знаење дека невакцинираните луѓе имаат поголем ризик да заболат од коронавирус и други инфекции. Тие го отфрлат тврдењето на противниците дека правилата ги дискриминираат оние што не сакаат или не можат да се вакцинираат. Владата воведе ковид-пропусници кон крајот на минатиот месец, и покрај силното противење во парламентот.

Треба да знаете
Последни објави