Денеска остварив средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Канада за Република Северна Македонија Џајлс Норман со седиште во Белград заедно со придружна делегација, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејбук профил.
– На средбата беше потенцирано значењето на македонската иселеничка заедница во Канада, која претставува мост за унапредување на врските меѓу двете држави и беа презентирани резултати од реализирани акции на МВР во повеќе значајни сфери и тоа во делот на борбата против организираниот криминал и корупција, борбата со миграција,борбата против тероризмот и сајбер криминалот, напиша Спасовски.
На средбата, како што стои на Фејсбук профилот на Спасовски, од страна на амбасадорот Норман биле потврдени заложбите и поддршката од негова страна во сферите од интерес за министерството, но и за Република Северна Македонија.