Во текот на вчерашниот ден, службите на Општина Центар ги засадија новите садници на местата на старите, шупливи и болни стебла кои се отстранија при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“.
Засадени се 15 веќе подраснати стебла јавори, од видот Acer Campestre, од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри.
На почетокот на јуни Општина Центар ги отстранистарите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината, кои бараа да бидат отстранети затоа што при секое поголемо невреме имаше опасност од нивно паѓање и нанесување штета.
Новите дрва во годините што следат повторноќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“.Со ова, Општина Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата. Според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата е зголемено за 20% од пред реконструкцијата. Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот.