Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посети вршителот на должноста директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија Микела Матуела.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Матуела ќе се сретне со Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.