На конгресот на ЦДУ во декември ќе се решава судбината на Лашет

Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на почетокот на декември планира да оддржи конгрес на кој најверојатно ќе се одлучува за судбината на претседателот Армин Лашет, јави германскиот весник Билд.

Според весникот, ЦДУ веќе ја резервирала изложбената сала во Дрезден за периодот од 6 до 13 декември. Истовремено, од седиштето на партијата соопштуваат дека се уште не е познато дали настанот ќе се одржи или ќе биде одложен за следната година.

„Во секој случај, јасно е дека времето на Лашет веќе помина”, пишува „Билд”.

Политичката иднина на Лашет може да биде решена  уште вечерва, за време на конференцијата на фракцијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот и разговорите со премиерите на провинциите – каде се претставени конзервативците.

На изборите за Бундестагот на 26 септември, СДП победија со 25,7 отсто од гласовите на Германците, додека конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 24,1 отсто, што е најлош резултат во нејзината историја.

И покрај второто место, ЦДУ/ЦСУ се обидува да формира владејачка коалиција со либералите и зелените, но тие претходно одлучија за можна влада да преговараат со социјалдемократите, со што практично го отфрлија предлогот на конзервативците. с

Треба да знаете
Последни објави