У21: Бод за македонските фудбалери на гостувањето во Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра попладнево нерешено 1:1 (0:1) против Фарски Острови на гостински терен во Клаксвик, во рамки на третиот натпревар во квалификациската група Х за пласман на Европското првенство.

Домашната репрезентација дојде во водство веќе во осмата минута преку Андрас Јохансон, a Македонците израмнија во 55 минута преку Марко Ѓорѓиевски.

По три одиграни натпревари во евроквалификациите, избраниците на селекторот Драган Канатларовски имаат ефект од два нерешени натпревари и еден пораз и моментно со два бода се на претпоследното петто место во групата.

Македонската фудбалска експедиција октомврискиот квалификациски циклус го продолжува со гостување во Ерменија во вторник.

Треба да знаете
Последни објави