Грчкиот Парламент со широко мнозинство го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка со Франција

Со широко мнозинство и 191 глас „за”, грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот го поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и од опозициските Движење на промена и Грчко решение.

Против беа 109 пратеници од СИРИЗА, Комунистичката партија и МЕРА25.

Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка, што пред десетина дена беше потпишан во Париз, меѓу другото ја вклучува и намерата на Грција за набавка на три модерни француски фрегати „Belharra”.

Треба да знаете
Последни објави