Многумина не веруваа дека оваа општина има перспектива, една од многуте причини беа недомаќинското работење и задолженоста и мислењето на народот дека сите се исти, јас кажав дека ќе биде тешко но посветеноста и волјата дадоа резултат. и не може ништо да не спречи во најуспешната приказна, рече досегашниот и кандидат за иден градоначалник на општина Неготино, Тони Делков.
-Покажавме дека можеме, Неготино веќе не е задолжена општина, 12 часовните рестрикциите со вода се минато, изградена е градинка, социјална зграда, улици како и лед осветлување и ја подобривме енргетската ефикасност, се гради и ќе се гради, Во мојот мандат со поддршка на Агенцијата за млади и спорт во вредност од 18 милиони денари и затоа сме сведоци на спортска сакал за рекреација и спорт за младите во општината, уредување на просторот околу Саат кулата, преку проекти за прекугранична соработка со Грција. Планираме изградба на туристички комплекс, како и поврзување на градот со пешачки и велосипедски патеки, тротоари со наклони за да можат да се движат и лицата со попреченост, рече тој.