На Ќафасан упасен Албанец по кој имало распишана потерница од Интерпол

На 08.10.2021 во 23.25 часот на Граничниот премин Ќафасан бил лишен од слобода Г.Б.(29) од Р.Aлбанија. По извршени гранични проверки било констатирано дека тој во службената евиденција е мерка „апси” по распишана потерница од Интерпол – Р.Унгарија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави