Либанската електрична мрежа е целосно исклучена, откако на двете главни електрани им снема гориво, објавија денеска локалните медиуми.
Електраните Демир Амар и Ал Захрани престанаа да работат откако се потрошија залихите на дизел, а производството на енергија се намали под 200 мегавати.
Прекинот на електричната енергија ќе трае најмалку неколку дена, јави Ројтерс, цитирајќи официјален извор, пренесува „Скај њуз”.