Кондовски: Жените во здравството даваат огромен придонес за справување со Ковид кризата!

Жените во здравството, како рамноправен дел од целиот медицински и немедицински кадар, даваат огромен придонес за справување со Ковид кризата. Затоа треба да ги поддржиме и да ги охрабриме во нивната нималку лесна задача во овие тешки времиња кои во цел свет ги донесе пандемијата на Ковид 19.

Ова го порача кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, обраќајќи се на трибина организирана од Форумот на жени на СДСМ – Битола на тема “Ковидот како тест и предизвик“.

„Со согласувам дека оваа пандемијата е и тест и предизвик. Но, исто така знам дека жените хероини на денешницата, а тоа се жените кои работат во здравствениот сектор, се на висина на задачата да се справат со тој предизвик. Нема ништо поважно од здравјето и затоа им оддавам признание за нивните напори во прилог на јавното здравје!“-рече Кондовски.

На трибината учестуваа д-р. Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката Болница “Д-р Трифун Пановски“-Битола, д-р Ели Димитровска, раководител на одделението за инфективни болести, д-р Елизабета Ивановска, раководител на одделението за интерни болести, д-р Елизабета Крстева, директорка на Центарот за јавно здравје-Битола и д-р Весна Спирковска, директорка на Здравствениот Дом “Д-р Хаим Абраванел“-Битола.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави