Во Англија, кај повеќе од два милиони лица е администрирана трета доза на вакцината против коронавирус, а официјалните лица ги повикуваат сите жители кои ги исполнуваат условите да ја прифатат истата.
Третата доза се дава најмалку шест месеци по примањето на втората доза.
Англискиот институт за јавно здравје објави дека три недели по почетокот на примената на третата доза, истата била администрирана кај вкупно 2,08 милиони од населението.
Фантастично е да се види дека, само три недели откако започна кампањата, повеќе од два милиони луѓе побрзаа за дополнителна заштита пред зимскиот период“ изјави медицинско лице“, пренесуваат британските медиуми.
Лицата кои ги исполнуваат условите за трета доза се над 50-годишна возраст, здравствени работници и социјални работници и оние на возраст од 16 до 49 години кои се изложени на поголем ризик од коронавирус поради нивната лоша здравствена состојба.