Германија без Нојер и без тренинг во Скопје

Фудбалската репрезентација на четирикратниот светски првак Германија утре попладне ќе пристигне во Скопје за да го одигра квалификацискиот натпреавр од групата Ј за СП-2022 во Катар. „Панцерите“ според последните информации во својот состав нема да го имаат  голманот и капитен Мануел Нојер, а нема да одржат и тренинг во Скопје. Селекторот на Германија, Ханси Флик, одлучил последниот тренинг пред мечот да направи утре наутро пред поаѓањето за Скопје.

Нојер го пропуштил и денешниот тренинг, а не беше на голот ниту на вчерашниот натпревар со Романија поради повреда, пренесуваат германските медиуми во пресрет на гостувањето во Скопје.

Натпреварот Македонија – Германија се игра на 11 Октомври, а ќе можат да го проследат во живо околу 17.000 љубиотели на фубдалот. Македонија која на првиот меч во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1, посакува уште едена победа, овојпат како подарок за љубителите на фудбалот по повод големиот македонски празник.

Треба да знаете
Последни објави