Групите за заштита на животната средина ја повикаа германската влада да го зголеми финансирањето за заштита на биолошката разновидност на најмалку две милијарди евра (2,3 милијарди долари) годишно, пред Светската конференција за заштита на природата во Кина следната недела.
Недостасуваат 700 милијарди евра во глобалното финансирање потребно за да се спречи драматично губење на видовите и брзото уништување на природата, велат групите во денешното заедничко соопштение за печатот, пренесува ДПА.
„Индустријализираните земји како Германија, со нивниот огромен еколошки отпечаток, имаат посебна глобална одговорност”, велат еколошките асоцијации, со потписници како Гринпис, Унијата за заштита на природата и биодиверзитетот, Светскиот фонд за природа и Германската федерација за животна средина и зачувување на природата.
Германија годишно придонесува со 800 милиони евра за биолошка разновидност, сума од која, како што велат се одвојуваат 67 милијарди евра потрошени за субвенционирање на земјоделството и рибарството кои пак директно и штетат на животната средина.
Речиси 200 страни на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност ќе се состанат во Кунминг, југозападна Кина, од понеделник до петок, иако конференцијата COP 15 во голема мера треба да се одржи преку Интернет.
Присутните треба да разговараат за новиот рамковен договор, споредлив со Парискиот договор за заштита на климата.
Конференцијата првично требаше да се одржи во октомври 2020 година, но беше одложена и поделена поради пандемијата.