Албанскиот премиер Еди Рама денеска во емисијата „Слободна зона“ на ТВ Клан изјави дека целта на неговата политичка кариера е „да ја обедини Албанија со Косово“. Тој негираше дека личниот интерес е во прашање.
Рама нагласи дека неговите планови вклучуваат обединување.
-Дали треба да бидам претседател на Албанија и Косово? Ова не е во моите планови. Но, обединувањето на Албанија со Косово, да. Тоа е стремежот, рече Рама.
Тој додаде дека по 2030 година се гледа себеси на друго место и далеку од политиката, но дека тоа не го спречува да има план за обединување на Албанија и Косово.