„На 6 дена од сега, ќе го дадеме одговорот на историјата, бидејќи овие избори не потсеќаат што бираме. Лесна е задачата за овие избори во Прилеп. Сугаре е изборот на прилепчани и најдобриот за Прилеп. Нема понароден човек од него, нема подобар пријател и другар. Тој е сигурен и проверен избор“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче на граѓанскиот митинг во Прилеп.
Тој додаде дека кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Горан Сугарески од првиот ден води искрена и отворена кампања, во која се бори со сите политички подметнувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа не лепи на Сугаре бидејќи ние го знаеме, вие го знаете и затоа тој е идниот градоначалник на Прилеп. Затоа во недела, на 80 години и една недела од првата пушка во Прилеп, ќе одекне гласот за победата на Сугаре на локалните избори, што ќе биде дел од големата победа на СДСМ секаде во државата, со што граѓаните ќе покажат и докажат дека знаат кој е вистинскиот, европски пат“ рече Филипче.
Тој додаде дека потребно е да се угледаме на наследството оставено од нашите предци и да изградиме современа европска држава, во која ќе се олесни животот на нашите граѓани и во која децата ќе ја гледаат својата иднина.