Во пресрет на самитот со Европската унија, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера оствари разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за барање решение на конфликтот во источна Украина.
Темата на разговорите беше и можниот самит со рускиот претседател Владимир Путин на таканаречениот „Нормандиски формат”, јави канцеларијата на претседателот Зеленски во Киев.
И Путин разговарал со Меркел и Макрон, соопшти Кремљ и додаде дека е договорено дополнително да се разгледаат условите за заедничката средба.
Германската Влада соопшти дека е договорен состанок на министрите за надворешни работи, а Елисејската палата дека таквиот состанок треба да се одржи во следните неколку недели.
Украина во својот источен регион Донбас веќе неколку години се бори против сепаратистите поддржани од Русија, а досега во овој конфликт се убиени повеќе од 14.000 лица, наведува официјален Киев.
Во Киев денеска се одржува 23-от самит ЕУ-Украинама кој ќе учествуваат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На разговорите треба да доминира ситуацијата во источна Украина.