ЕВН Македонија информира дека утре ќе има двочасовен прекин во снабдувањето со електричната енергија за одредени компании кои се наоѓаат во ТИРЗ Бунарџик.
„Во среда на 13.10.2021, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Следствено на тоа, од 08:10 до 10 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат следните скопски големи потрошувачи и улици: Ван Хол, Дура 1, Дура 2, Мурат, Пурпласт, Герешајмер и уличното осветлување во Технолошко индустриска развојна зона 2 (ТИРЗ 2) во Бунарџик“, се наведува во информацијата.