Општина Аеродром ангажираше петмина помагателипреку Програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги на лица во трета доба“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување. Овие лица ќе бидат ангажирани соскратено работно време од 20 часа неделно за период од 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9 000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Целта на проектот е помагателите преку помагање и грижа за стари лица, како и преку задолжителната обука да се стекнат со вештини од социјалната и здравствената сфера согласно со услугата и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.