Филиповски за Нова ТВ: Во Аеродром пораснав, имам конкретен план за секое маало

„За која друга општина би се кандидирал Аеродромец ако не за својата?“, истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, во интервју за НОВА ТВ. Во оваа општина имам пораснато, многу добро ги познавам жителите, ги знам проблемите со кои се соочуваат секојдневно и точно знам кои решенија да ги понудам. Имам конкретен и реален план кој значително ќе го подобри животот во секое маало и ова го препознаа и граѓаните и партијата. Токму затоа добив силна поддршка и од едните и од другите. Мојата кандидатура беше иницирана од месните одбори, а предлогот го прифатив со полно срце.

Во својата програма, Филиповски ветува и изградба на 2 нови градинки (во Мичурин и Ново Лисиче), младински центар, 2 затворени базени, како и намалување на проблемот со паркирање преки изведба на монтажни гаражи или регулација на паркирањето. Во делот на животната средина, предвидено е засадување не 5.000 високоизраснати дрвја, нов парк од „авиончето“ до автобуската постојка на последна „5-ка“, како и набавка на цистерни за миење на улици.

  • Подготвен сум целото мое искуство да го вложам во развој на општината. Имам поминато повеќе од 14 години во приватниот сектор, не само во компанијата Технокомерц, која веќе над 45 години е на македонскиот пазар, туку и со сопствени раце, заедно со партнерот го подигнавме Sherpa Horse Riding на Галичник. Работевме посветено со целиот тим за да понудиме нешто навистина ново и различно и со многу труд поставивме нови стандарди во планинскиот туризам. Ова е доказ што можам да направам кога ќе се вложам во нешто – а во Аеродром сум вложен целосно.

Сакам да сум градоначалник, затоа што знам колку можам да направам за општината во која го поминувам секој ден од дете. Знам дека, работејќи заедно со граѓаните, ќе овозможиме најквалитетни услови и исполнето секојдневие за секој.

 

Треба да знаете
Последни објави