Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош, објави „Косово онлајн“, пренесува „Б92“.
„Косово онлајн“ објави дека косовската полиција влегла во една од аптеките во градот за да ги провери царинските документи. По ова, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок бомби и солзавец, а Србите фрлале со камења.
По инцидентите, косовската полиција објави соопштение во кое се наведува дека во раните утрински часови е почната операција со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарењето стока.
Според соопштението, акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица, пренесува „Косово онлајн“.
„Сите полициски операции се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на инспекциски надзор и претреси на различни локации како што се куќи, станбени и деловни простории, магацини. Како резултат на интензивните акции и професионални дејствија на косовската полиција и царината, запленета е разновидна стоки која служи како материјален доказ“, се вели во соопштението.
Kosovska Mitrovica jutros. Bačen suzavac i šok bombe. Kosovska policija sprovodi akciju zaplene srpske robe u apotekama i veleprodajama. Na ulici se okupio veći broj građana pic.twitter.com/JezSjHtqNx
— СМ.Милутинац (@Stevan077) October 13, 2021