Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово, јавија српските медиуми.
Реакцијата на Борел доаѓа по денешните раноутрински упади на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население и до десетици повредени, од кои едно лице е во животно загрозувачка ситуација.
Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина” и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти”, бидејќи ситуацијата била „ на работ на хаос”.