Изјава за медиуми, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката.
Ова почитувани е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим.
Ова е класично режимско постапување од најлошите години на режимот. Со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува.
Надлежните институции веднаш да постапат по овој случај, да се отвори истрага, да се утврди одговорност и да следуваат соодветни санкции. Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа.
Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице.
Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице.
Кумановци и кумановки се чесни, горди и достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски. Во недела, на 17 октомври, Куманово повторно ќе застане зад концептот на СДСМ и Најдоброто кој води напред кон развој.
На 17 октомври кумановци масовно ќе заокружат 12.
Куманово бил и ќе биде бастион на СДСМ и социјалдемократијата.