Ким Карадшијан се согласи да му плати на отуѓениот сопруг Канје Вест 20 милиони долари за нивниот имот во Хидн Хилс, додека продолжуваат со разводот.
44-годишниот рапер пред две недели официјално ги предал своите права на имотот, според „ТМЗ“ , со што неговата поранешна (40) е единствен сопственик на пространата хациенда што ја купија заедно пред седум години.
Ким живее таму со нивните четири деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм, откако поднесе барање за развод во февруари.
Според судски документи до кои дојде „ТМЗ“, таа сега е единствениот сопственик на имотот во Хидн Хилс што го делеше со сопругот седум години.
Порталот цитира инсајдер дека преговорите меѓу нив биле исклучително срдечни и таа му платила на Канје во готово за да го олесни процесот.
Двојката ја купи вилата во 2014 година за 20 милиони долари и Канје направи целосен редизајн со помош на славниот белгиски декоратор за интериери Аксел Верворт.
„Кога видов како работи и што сè прави, си помислив: Овој човек може да ја дизајнира куќата на Бетмен. Морав да работам со него “, рече Канје во интервју во тоа време.
Канје и Ким, наводно, потрошиле 20 милиони долари за реновирање.