МВР излезе со свое објаснување во врска со активистот на Левица од Прилеп, откако претседателот на оваа партија, Димитар Апасиев, објави на Фејсбук дека Иван Јованоски е повикан на разговор во полиција по инцидентот на 11 Октомври на Могилата на непобедените.
Според МВР, И.Ј. (32) е повикан на разговор поради омаловажување државен орган.
-Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, соопшти МВР.
– Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа ИВАН Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата – денес е повикан на распит во полициска станица!?, објави претходно Апасиев.