Српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на утрешната редовна седница на Советот за безбедност во ОН, каде на дневен ред ќе се најде и ситуацијата во Косово изјави дека „ не верува оти нешто ќе се реши“.
-Што и да направат Албанците секогаш ќе имаат поддршка од „големата петторка“. Ние можеме да очекуваме поодршка од Русија и Кина и неколку помали земји, но тоа нема да ги смени работите на терен, изјави денеска Вучиќ.
Седницата на Советот за безбедност е редовна која се одржува на секои 6 месеци и на која се разгледува извештај за Косово. Извештајот ги покрива активностите на мисијата на ОН во Косово и ситуацијата во државата од 16 март до 15 септември годинава.