Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Гетеборг оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз.
На средбата, македонските иселеници го запознаа претседателот Пендаровски со досегашните активности за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите.
Изразувајќи поддршка за натамошните активности во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Шведска.
Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија составена од 11 македонски друштва и клубови.