Силен земјотрес во близина на Соломонски Острови

 Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала е регистриран во близина на Соломонските Острови, во југозападниот дел на Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот се наоѓал на 180 километри северозападно од главниот град Хонијара, на длабочина од 33 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Треба да знаете
Последни објави