Ново детско игралиште, субвенционирање на фасадите, резидентно паркирање, нова урбана опрема во реонот кај Рамстор, најави Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на вечерашната маалска средба со граѓаните.
„ Тука ќе изградиме ново детско игралиште за да им го разубавиме детството на децата но и да ја поттикнеме нивната физичка активност, ќе ја реконструираме ул. „50 дивизија“ и ќе ги субвенционираме фасадите на кулите. Поради големата фреквенција во овој реон неопходни се резидентни места за станарите и ние тоа ќе го обезбедиме, а ќе поставиме нова и модерна урбана опрема“, најави Герасимовски.
Претходно овде се реконструираше детското игралиште, уличното осветлување. Беа доделени неколку субвенции за кров и лифт во зградите, на ул. „Белградска“ беше реконструирана водоводната мрежа и беше поставена урбана опрема.