Демант од Општина Бутел на прес конференција на кандатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски за наводна одлука на Советот за стaпување во Јавно приватно партнерство за улично осветлување.
„Какво безобразбие и дрска лага, разгледување на информација за физибилити студија да се претстави како “носење одлука”! Заврши времето на Никола Груевски и неговите другари како Дарко Костовски, коишто носеа одлуки и менуваа ДУПови на полноќ! Никогаш повеќе да не се врати режимот! ОВА НЕ Е ОДЛУКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈПП, ОВА Е СТУДИЈА СО ИНФОРМАТИВЕН КАРАКТЕР ВО ОДНОС НА ТОА КАКО ОПШТИНА БУТЕЛ МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ДЕЛОТ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Ова е само промоција на физибилити студија која Општина Бутел ја нарача со една единствена цел, односно да се стекне со конкретни податоци и информации во однос на трошоците кои општината секоја година ги има за оддржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Бутел. Оваа физибилити студија има важност од 8 години.
Оваа физибилити студија денеска беше претставена пред советниците во Општина Бутел за да им даде точни податоци за висината на трошоците кои Општина Бутел во наредните години ќе ги издвојува за оддржување на јавното осветлување, но и да им појасни кои би биле предностите доколку Општина Бутел се одлучи период од 8 години преку Јавно Приватно партнерство да го отстапи оддржувањето на јавното осветлување на Јавно приватен партнер.
Општина Бутел доколку со сопствени инвестиции го оддржува јавното осветлување секоја година од Буџетот издвојува:
- Трошоци за 4.270 светилки околу 11.000.000 денари,
- Трошоци за оддржување на светилките околу 12.500.000 денари
- Општина Бутел покрај овие трошоци треба да издвои и средства за инвестирање во надоградба на јавното осветлување
Според физибилити студијата, ако Општина Бутел се одлучи за Јавно Приватно партнернерство за оддржување на јавното осветлување, тогаш во наредните 10 години:
- Општина Бутел ќе нема никаква обврска за оддржување на јавното осветлување, односно ќе има 0% трошоци во однос на инвестициите во овој дел, бидејќи таа обврска ќе ја превземе Јавно приватниот партнер, или поточно:
- Според физибилити студијата, Јавниот партнер ќе мора да даде 10 годишна гаранција како за светилките, оддржувањето на истите, така и за целокупната инвестиција во делот на јавното осветлување, што значи дека по завршување на договорот за ЈПП, Јавниот партнер има обврска уште две години да се грижи за оддржување на јавното осветлување
- Според физибилити студијата трошоците за оддржување на јавното осветлување со Јавно Приватно партнерство ќе се намалат за 70-75% односно заштеда од 9.000.000 денари
- Исто така, според оваа студија, Јавниот партнер покрај одржувањето има за обврска и за инвестирање во замена на сите ормари за заштита
- Оваа инвестиција на Јавниот партнер после 8 години ќе останат во сопственост на Општина Бутел
Драги граѓани, ова е само промоција на физибилити студија со помош на која што Општина Бутел ќе има можност во иднина да донесе исправна Одлука за начинот кој ќе го избере за менаџирање на оддржувањето на јавното осветлување на подрачјето на општината. Нагласуваме дека ова не е Одлука за ЈПП туку е само основа за тоа какви мерки во идниот период да се превземат со цел да се направат заштеди во Буџетот на Општината и истите да се пренасочат во реализација или решавање на поприоритетни потреби и предизвици на граѓаните.
Советниците денеска гласаа за информации, појаснувања, насоки презентирани во оваа визибилити студија, односно да дадат свое мислење за мерките за Енергетска ефикасност посочени во студијата и истата во иднина да може да се користи при донесување на конкретни мерки за постигнување на енергетска ефикасност на подрачјето на општината во однос на јавното осветлување.