Илиевски: Успесите од државно ги носиме на локално ниво, да го одбереме Најдоброто за Куманово, да гласаме за број 12

Со 120 милиони евра инвестиции од Владата имаме безбедна средина, современа инфраструктура и многу нови можности како што немало досега истакна кандидатот за градоначалник на Општина Куманово Оливер Илиевски на вечерашниот завршен настан на Караванот Најдоброто.
,,Нашата цел, да го пренесеме успехот од централно на локално ниво, уште подинамично и уште поенергично, да вложуваме во Куманово со политики кои од Куманово ќе направат метропола. Голем град сме, со значајна географска местоположба – дајте ја поддршката за Најдоброто, затоа што – Го заслужуваме!
Куманово е и Македонија во мало и токму тој мултиетнички соживот е нашата движечка сила напред. Убеден сум дека само нашиот социјалдемократски концепт Едно општество за сите е предуслов за просперитет. Ќе вложуваме во детски градинки, детски катчиња, мултифункционални игралишта. Да ја изградиме најдобрата инфраструктура. Гасификација за секое домаќинство и индустриска зона. Крај на прашањето за чисти реки и чиста животна средина, за канализациски и водоводни мрежи во руралните средини, работи за кои е срамно да се зборува во 21 век. Ќе го изградиме и најдобриот најмодерниот, европски плоштад, со градско шеталиште, подземни сообраќајници и подземно паркиралиште, проект кој многумина од вас сакаат да го видат во живо. Со инвестиции ќе се борам за младите да ни останат тука.” порача Илиевски.
Тој ги повика граѓаните во недела да излезат масовно и да заокружат број 12.
И вечерва, тука пред вас, ја искажувам мојата подготвеност и подготвеноста на мојот тим да воведеме нов менаџмент во градот, со добро управување да обезбедиме квалитетни и одржливи системски решенија.
,,Јас како ваш кандидат за градоначалник, заедно со другарката Атина Мургашанска како носителка на најдобрата листа на советници, заедно со вас мои сограѓани, сопартијци, ЕДИНСТВЕНИ, во заедништво: Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, сите коишто ги поддржуваат политиките на СДСМ и коалицијата, уште еднаш да им речеме НЕ на режимот, егзибиционизмот, поткупот…
Одлучуваме дали и понатаму ќе бидеме жртви на нечии изговори или ќе си дадеме шанса да ја реализираме најдобрата програма за трансформација на еден град.
Не случајно кумановци 30 години му ја даваат довербата на СДСМ.
На 17 Октомври ве повикувам да ја продолжиме традицијата и да инвестираме во иднината. Заокружете го бројот 12 – СДСМ го има најдоброто за Куманово! Најдоброто доаѓа во Куманово, посочи Илиевски.

 

Треба да знаете
Последни објави