Над 32 отсто од граѓаните излегле да гласаат до 15 часот, покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК).
Информациите на веб-страницата на ДИК покажуваат дека на обработени 62,38 отсто од гласачите, до 15 часот гласале околу 364 илјади граѓани или 32,05 отсто.
Следната прес-конференција на Државната изборна комисија е закажана за 15:30 часот. Генералната оценка на ДИК е дека на повеќето гласачки места состојбата е добра. Пратен е е-маил до сите избирачки места, за сите проблеми, во најбрз можен рок да ја известат ДИК.