Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на вечерашната прес конференција објави дека партијата го задржува градоначалничкото место во Гостивар и истовремено го добива и Дебар.
Села обвини за уцени, притисоци и поткуп и им се заблагодари на сите граѓани кои имаа „имаа храброст да го искажат својот глас“.
-Ги освоивме Гостивар и Дебар, победивме во првиот круг, додека во 5 други општини одиме во вториот круг, ќе има втор круг. Верувам дека заедно со граѓаните ќе можеме да го зголемиме бројот на општини предводени од албанската опозиција, рече Села.