Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
На средбата беше истакнато дека воената соработка меѓу војските на двете држави е позитивен пример за соработка, како полноправни членки на НАТО и се разговараше за нејзино унапредување и продлабочување во иднина.
Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за унгарската поддршка за нашите европски интеграции, како и за поддршката за нашето членство во НАТО, го поздрави унгарското превземање на командата на КФОР и ја изрази нашата подготвеност за соработка.