Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, претседателот на грчкиот олимписки комитет, Спирос Капралос и потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022″ Ју Зајчин, од зраците на сонцето, претпладнево беше запален олимпискиот оган за 24-те Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022″, јави дописничката на МИА од Атина.
Традиционално, со специјална кореографија и молитва до богот на сонцето Аполон да ги испрати неговите зраци и да го запали светиот факел за Пекинг, палењето на олимпискиот оган беше успешно.
Првиот факел го презеде шампионот во алпско скијање Јанис Андониу и му го предаде на олимпискиот шампион Ли Чиечун.
Поради пандемијата, манифестацијата се одржа без публика, а олимпискио
т оган нема штафетното да патува низ Грција, туку директно ќе биде пренесен во Атина, каде што утре на посебна свеченост ќе им биде предаден на домаќините на зимските олимписки игри.
На палењето на огнот, му претходеше свечената манифестација, што започна со олимписката химна во изведба на сопраното Василики Карајани и интонирање на химните на Грција и Кина, по што на присутните им се обратија претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, претседателот на грчкиот олимписки комитет, потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022″, како и градоначалникот на Олимпија.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах рече дека Олимписките игри го обединуваат човештвото во сета разновидност и секогаш градат мостови и пријателство, додаде дека на светот му е потребна поголема солидарност, бидејќи „не постои мир без солидарност”.
– Во овие тешки времиња низ кои сѐ уште живееме, Зимските олимписки игри „Пекинг 2022″
ќе бидат важен момент да го собереме светот во духот на мирот, пријателството и солидарноста. Најдобрите спортисти од светот во зимски спортови ќе се натпреваруваат за олимписка слава, додека живеат мирно, заедно под еден покрив во Олимпиското село. Сите ги почитуваат истите правила, сите сме еднакви, без оглед на социјалната припадност, полот, расата, сексуалната ориентација или политичкото убедување. На овој начин, спортистите ќе ни покажат дека можеме да одиме побрзо, можеме да целиме само повисоко, можеме само да станеме посилни, ако сме заедно, во солидарноста, порача Бах и додаде дека Пекинг ќе испише историја како прв град домаќин на летни и зимски олимписки игри.
Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет „Пекинг 2022″ Ју Зајчин рече дека олимпискиот оган, како симбол на олимпискиот дух, „илјадници години е светлина на солидарноста, пријателството, мирот и
правдата”,но и дека е „сведок на славната историја на развојот и напредокот на човештвото и размените и меѓусебното учење помеѓу културите и цивилизациите”
– Заедно за заедничка иднина. Посакуваме олимпискиот пламен да биде вечна светлина која никогаш не згаснува во срцата на луѓето. Се надеваме дека луѓето ширум светот ќе се здружат за да го отфрлат мракот на пандемијата и да донесат заедничка посветла иднина, рече Зајчин и додаде дека кинеската Влада, со поддршка од луѓето ширум светот и преку тесна соработка со Меѓународниот олимписки
комитет ќе понудат безбедни и сјајни Олимписки игри.
Претседателот на грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос истакна дека овој пат, олимпискиот оган, покрај пораките што ги испраќа до светот, исто така, „претставува симбол на доверба за конечна победа на човештвото во огромната битка што ја води со пандемијата речиси две години.
По завршувањето на манифестацијата, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу рече дека „олимпискиот оган, започнувајќи го патување за Зимските олимписки игри во Пекинг, ја пренесува пораката за помирување на народите, мир и фер плеј”.
Олимпискиот оган од античка Олимпија го започна патувањето кон Пекинг, утре ќе пристигне во Атина на античкиот олимписки стадион „Панатенаик”, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри и ќе им биде предаден на организаторите.
Зимските Олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.