Кошаркар на италијанскиот клуб Фортитудо Месина, Хаитем Шабур Фаталах (32), синоќа починал во болницата во Реџо Калабрија откако претходно колабирал за време на натпреварот меѓу неговиот тим и Диере Реџо, во рамките на третата лига на Италија. Веста ја пренесоа италијански медиуми со образложение дека тој колабирал за време на натпреварот, изгубил свест и натпреварот бил итно прекинат.
Трагично починатиот кошаркар одигра повеќе на 250 натпревари во Италија. Роден е во Агриџенто, во југозападна Италија, во ноември 1989 година, а во Месина пристигнал сезоната 2016/17. Играше на позицијата плејмејкер.