Тениската сезона е пред самиот крај, а веќе почнаа плановите за идната 2022 година, во која првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ на првиот сезонски гренд-слем во јануари идната година, Австарлија Опен ќе атакува да стане рекордер по бројот на освоени титули на овие турнири. Ѓоковиќ е актуелен победник на Австралијан опен и деветкратен шампион, на кого му се заканува забрана за настап поради здравствените протоколи во борбата со пандемијата од коронавирусот за невакцинирани учесници.
Австралиската влада им даде рока на сите, вклучително и на тенисерите рок до 26 ноември да бидат вакцинирани со втора доза доколку сакаат да бидат дел од Австарлија Опен. Поради фактот дека Србинот не открива дали е вакциниран отворена е дилемата дали ќе му биде дозволен настап во Мелбурн и остварување на неговите играчки планови.
Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендрјуз повтори дека никој нема да добие виза за влез во државата ако не е вакциниран.
-Ќе мора да бидат вакцинирани. Не мислам дека лицето на кое мислите е тенисер, голфер или возач и може да добие виза туку-така и без вакцина, вели премиерот.