Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.669 нови случаи на коронавирус, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови. Министерството за здравство објави дека 1.669 заразени лица биле откриени за 5 часа од 5.230 тестови, што значи дека речиси една третина од тестираните биле позитивни.
Во моментов, просечниот број на потврдени инфекции дневно е 1.074, објави словенечкиот Институт за јавно здравје.
Премиерот, Јанез Јанша, рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.
Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во малиот опфат на вакцинација, но и јавните собири и протести. Јанша предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа.