Имаме два концепти – едниот кој во 2016 – 2017 не сплоти, против бетонизацијата на Карпош, за менување на демографскиот лик на Карпош. Период во кој сите политички партии, невладини организации, граѓански здруженија се здружија со нас против Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, против бетонизацијата на Карпош со цел достигнување на еден хуман концепт, проевропски за хумана и планска урбанизација кон Злокуќани и Бардовци. Имаме јасна визија и концепт – наспроти нешто што го имаме веќе видено во минатото. Нашиот концепт е отворен кон соработка и мобилизирање не само на членовите на СДСМ, коалиционите партнери, туку и на граѓанските здруженија кои оваа година, на овие избори веќе добија 2 советнички места во Општина Карпош. Граѓаните имаат прилика да одлучат каде да ги дадат своите гласови.
Анализите кои следуваат по резултатите од првиот круг се веќе направени, точно знаеме каде потфрливме и како треба да продолжиме понатаму, без притоа да манипулираме како со членството така и со сите граѓаните.
Даден е слободен простор за сите симпатезири, ја разбравме пораката што ни ја испорачаа граѓаните и која е насоката по која треба да се продолжи. Програмата која ја застапувам јас како кандидат за градоначалник на Општина Карпош, нуди реални проекти, нема празни ветувања. Можеме да ветиме многу, но колку од тоа е реално остварливо. Ние ветуваме и имаме план за реализација на реално остварливи проекти, за кои сме подготвени да делуваме со цел граѓаните на Карпош да го добијат тоа што навистина го заслужуваат, при тоа да не бидат излажани.
Нотирани се црните точки од времето на владеењето на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, кога во 2016 – 2017 се направи демографска револуција во Општина Карпош, кога и почнува револтот на граѓаните кон тогашната актуелна власт.
Верувам дека граѓаните го препознаваат нашиот концепт за Карпош, со кој нема да се дозволи реприза на серијалот на Стевче Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ. Верувам дека ќе ги насочат своите гласови кон најдоброто за Карпош, за да можеме со нова енергија и многу вложен труд, прво да го вратиме останатиот долг на Општината и веднаш да пристапиме да работиме на реализацијата на поставените цели, задачи и поставени проекти.